Skip to main content

ФТУ промовира здрав начин на исхрана

Вкусни македонски национални специјалитети подготви кујната на ФТУ, за гостите од меѓународната конференцијата за ИКТ технологија од образованието. Од Факултетот најавуваат дека од 1 ви октомври нивното бифе ќе проработи и за комерцијални потреби.

 |  Николоска Биљана  | 
specijaliteti
специјалитети

specijalitetiУниверзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија, ги вкусија специјалитетите подготвени од кујната на факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Македонската национална кујна, без конкуренција со право може да се каже дека е извор на здравје и доколку се знае како да се подготви и сервира тоа е вистинско уживање за сите гурмани. Професор д-р Васко Цуцулески, истакнува дека конечно на трпезата вo факултетот сервиран е брендот на Македонија.

„Точно е она што ние го подготвуваме, изворно од македонската национална кујна, преферираме, брендот го правиме точно што фали досега за Охрид и Македонија, промовирајќи спора храна која е тренд во светот а Македонија е изобилство за подготвување за таква храна од аспект на зеленчик  и т н значи храна која изобилува со витамини и минерали односно не е масна храна и не е брза храна“.  

Екстра ексклузивните десерти беа посебно изненадување за гостите. Тука не беа застапени традиционалните рецепти на нашите баби, туку до израз дојде современото, вели проф д-р Ангела Василеска

 specijaliteti„Денеска подготвивеме многу ексклузивни десерти кои се со лепршав лесен изглед, но со богат вкус. Затоа сакам да кажам дека од 1 ви октомври започнува работењето на нашето бифе за комерцијални цели со што нашите студенти секојдневно ќе бидат вклучени во практичната работа, која ќе им послужи понатака комплетно да бидат обучени да одговорат на своите работни задачи“.

Изгледот на десертите беше навистина екстра ексклузивен.  Вкусот доаѓа од италијанската кујна, обелоденува Давид Санџакоски кој беше ангажиран околу подготовка на истите. Тој вели сакавме десертите не само добро да изгледаат туку истите да бидат и вкусни.

„Сакавме да бидат светски познати, на пример подготвивме тирамису од ананас и црешна, семипредо со три вкуса, панакота со овошје и чоколаден мус“.

Гостите од меѓународната конференција за ИКТ технологија за образование и утре ќе бидат гости на ручек во ФТУ, па веруваме дека нема така лесно да го заборават вкусот на македонската национална кујна од Факултетот.

{loadposition content9}