Skip to main content

Изложба на дваесетина графики во Центарот за култура „Григор Прличев“

Изложбата содржи дела изработени во различни техники, од автори од земјава, но и од соседна Бугарија.

 |  Мишел Наумоски  | 
grafiki
графики

Центарот за култура од вечерва па се до 25ти Септември ќе биде дом на дваесетина уметнички слики, графики, изработени од македонски и бугарски автори. Организаторите од Центарот за културен проток-АРТерија, велат дека ова е идеја која е подготвувана од поодамна, а вклучува дела од автори кои студирале на Националната академија на ликовни уметности од Софија-Република Бугарија.

izlozba grafiki„Имаме отприлика дваесет и осум графики. Изработени се во различни техники, литографија, бакропис, аква тинта. Имаат еден поинаков пристап, многу поразличен од кај нас, тие елементи и принципи внесени во графиката. Целата постапка на изработка е многу поразлична од сликањето или вајањето. Графиките имаат поинаков процес на изработка, од претходна подготовка, исцртување, па до процесот на печатење.“-рече Димитрија Ристески од „АРТерија“.

Инаку на изложбата со свои дела ќе се претстават Васил Ангелов, Зина Неделчева, Зоран Мише, Ива Димитрова, Мирослав Николоски, Васил Колев, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Вања Божева и Кристина Ватова.

Графиките ќе бидат изложени Центарот за култура „Григор Прличев“ од вечерва па се до 25ти Септември. Организатор на изложбата е Центарот за културен проток АРТерија, а поджана од Министерството за култура на Р.М.

{loadposition content9}