Skip to main content

Започна академската година 2013 / 2014

За новите студенти започна академската година.

 |  Маленкова Татјана  | 
ftu
ФТУ

 Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа.

Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа ftuгодина, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски.

„Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии. Се надеваме дека како и порано така и сега со новите студенти ќе работиме напорно, а со цел да добијат знаење и вештини со кои ќе успеат понатаму во професионалната кариера. Оваа година влегуваме со нова и интересна студиска програма годиниве одевме со тој услужен сектор и годинава решивме да го вклопиме во една студиска програма менаџмент во услужен сектор создавајќи три модули, нешто што е новина во образовниот систем во Р Македонија и тоа промотивен менаџмент, логистички менаџмент и менаџмент во култура“, истакна проф. Д-р Сашо Коруновски, декан на ФТУ.

Коруноски додава дека како образовна институција се горди што цврсто стојат во понудата и побарувачката. Деканот е среќен што секоја година воведуваат новини, а годинава можат да се пофалат со тоа што  студиската програма на вториот циклус е на англиски јазик и истата се изведува во соработка  со збратимениот  универзитет во Германија.  
Со пригодна свеченост , денес  беше одбележан и првиот час од новата студиска година на универзитетот „Свети Апостол Павле“. Како што истакна ректорот , професор д- р Нинослав Марина, годинава забележан е најголем број на новозапишани студенти на кои им се нудат и нови наставни програми.

informaticki univerzitet „Годинава имаме 113 запишани студенти, заедно со стипендистите од странство, но имеме уште еден уписен рок, така да  бојката ќе биде најголема од сите години на универзитетот. Вкупно може да промиме 400 студенти како и секоја година, со тоа што годинава почнуваме со ниви наставни програми како на прв така и на втор циклус, а наскоро се подготвуваме и за трет циклус докторски студии. Годинава имаме доста апликации за странски професори. Досега финализирани се договорите со двајца професори, еден од Италија и еден од Турција кои докторирале на престижни универзитети од Југозапдна Европа. Во преговори сме со уште неколку професори кои докторирале во САД“, истакна проф. Д-р. Нинослав Марина, ректор на Св. Апостол Павле.

Студентите на информатичкиот универзитет ги поздрави и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој им посака успех во студирањето, со надеж дека  оваа установа ќе извади кадри кои во иднина  ќе го предводат развој на Охрид.

„Јас сум денеска горд што Охрид е седиште на вака висока образовна и научна установа како што е овој универзитет. Дојдов да им посакам успех во новата и најважната ера во животот на студентите кои овде се запишале. Се надевем дека можностите кои ги нуди оваа високообразовна установа ќе бидат од многу значајна корист и за градот Охрид и се надевам дека од оваа установа ќе произлезат и кадри кои во иднина ќе го предводат идниот развој на градот Охрид“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Годинава на информатичкиот универзитет запишани се и  25 студенти од странство, но тие сеуште не се пристигнати затоа што не се завршени процедурите за добивање визи за престој и студирање во Р Македонија. На „Св. Апостол Павле“ во новата академска 2013/2014 година се запишани 113 нови студенти, а оваа бројка се очекува да се зголеми по утрешниот, последен рок за запишување.

{loadposition content9}