Делегација на НАТО во посета на Македонија
Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од адмирал Џампаоло Ди Паола.
НАТО

Делегацијата ќе биде пречекана од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
За време на престојот, адмиралот Ди Паола ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Коњановски.
На средбата пред адмиралот Ди Паола ќе бидат презентирани динамичниот план за развој на одбраната, достигнатиот степен на реформи во АРМ, како и учеството во мисии надвор од Република Македонија и ангажирање за во иднина.
За време на посетата, претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Џампаоло Ди Паола предвидено е да се сретне со претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, со премиерот Никола Груевски и со претставници на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија.

{loadposition content9}