Шпионажа во Македонија, нејзини облици и санкции
Шпионажата како кривично дело против надворешната безбедност на државата во Кривичниот законик на Република Mакедонија е дефинирана во три облици и тоа: Основно дело шпионажа, создавање или раководење на разузнавачка служба и работа за странска разузнавачка служба.
Шпионажата како кривично дело против надворешната безбедност на државата во Кривичниот законик на Република Mакедонија е дефинирана во три облици и тоа: Основно дело шпионажа, создавање или раководење на разузнавачка служба и работа за странска разузнавачка служба.
Основниот облик на шпионажа преставува соопштување, предавање, или сторување достапна државна тајна на странска држава, организација или лице што им служи. Соопштување се мисли пренесување на информацијата која претставува државна тајна преку било кое средство на комуникација било по телефон, усно, писмено доколку податокот е материјализиран во цртеж, слика и слично. Додека сторување достапни информации кои се сметаат за државна тајна претставува и оставање на документи на необезбедено место и слично.
Значи како главен објект на делото се определени податоци или документи кои се класифицирани како државна тајна и чие откривање имало или можело да има определени штетни последици.
„Како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија.“
Казната затвор за овој облик на шпионажа изнесува најмалку четири години.
Создавање или раководење на разузнавачка служба во став два за кривичното дело шпионажа како дејствие претставува создавањето организација која има за цел вршење шпионажа со прибирање на точни податоци и нивно предавање на странска држава и слично. Самото создавање на разузнавачка служба преставува загрозување на безбедноста на државата без разлика дали таа е основана со поддршка од странство или е под нејзино влијание.
– Казната затвор изнесува најмалку 5 години.
Работењето пак и приклучувањето кон разузнавачка служба преставува пристапување во организацијата и прибирање на податоци или на друг начин помагање на нејзината работа вклучувајќи тука и давање совети, откривање на техники за собирање на податоци и слично.
Исклучок од работењето за разузнавачка служба е доколку сторителот ги собира податоците за разузнавачка служба на некоја пријателска земја на Македонија , при што противправноста на неговото дело би била исклучена само доколку македонскиот државјанин за таа работа има овластување и согласност од надлежните органи во државата.
– Казната затвор за противправното работење во разузнавачка служба е од 1 до 10 години затвор.
Како потежок облик се смета извршување на шпионажа за време на војна или непосредна воена опасност или ако предизвикале тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија и казната затвор е најмалку 5 години.
{loadposition content9}