Крузерот „Коста Конкордиа“ застана „на нозе“
Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC.
Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC.
Според инженерите, биле потребни огромни напори за да се исправи крузерот, а операцијата која почна вчера наутро, траеше до доцните вечерни часови.
Во текот на процесот биле користени лостови, челични кабли и метални кутии исполнети со вода, за да се исправи и постави бродот на платформата.
Во несреќата на Коста Конкордија настрадаа 32 луѓе, а телата на две жртви се уште не се пронајдени, па нивните фамилии се надеваат дека по исправувањето на бродот, тие ќе бидат откриени.
„Ова беше совршена операција, а нема никаква опасност за околината“ – изјави Франко Порцелачиа од компанијата Коста Крочиера во чија сопственост е бродот.
Првичните планови биле бродот да се извади до понеделник навечер, но поради невремето, исправувањето и поставувањето на платформата во морето беше комплетирано дури во четири часот утрово. Нема дилеми дека ова е најголемата и најтешката ваква операција, со оглед на големината на бродот.
{loadposition content9}