Skip to main content

Ќе се снима документарен филм за Светите Климент и Наум

Се подготвува теренот за снимање на играно документарен филм за Светите Климент и Наум.

 |  Маленкова Татјана  | 
Sv Kliment Ohridski
Св. Климент Охридски

Филмот би претставувал еден вид продолжение на филмот Св. Кирил и Методиј,  во Чешко Словачка, Руска и Српска продукција, и комплетно реализран од чешката продуценската куќа tree broders.
Продуцентот на филмот за Св Кирил и Методиј, Виктор Криштов,  благодарение на наговите пријатели охриѓани Александар Глигуроски и Јован Буџакоски кои живеат во Чешка, во два наврати ги посети сите знаменитоски и културно истористи споменици во Охрид, но и во Македонија. Тој е воодушевен од она што го виде вели дека веќе прави планови како би изгледал  историскиот филм посветен на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум.

„ Посетив некои места околу градот и други места во Македонија и имам идеја, но се зависи од сценариото. Viktor KristovТоа треба да биде напишано на начин да ги користите работите кои мируваат. Кои се постојано тука, езерото, манастирите кои се изградени во антички стил и други екстериери од манастирите. А што се однесува до големината на проктот прилично е голем. Новата филмска публика е навиканата да гледа голем проект и сакам да ја прикажам историјата на таков начин. Проектот ќе има 1000 статисти и ќе ги користам најновите достигнувања во технологијата, најновите видеоефекти и специјални ефекти. За претходниот филм користев 650 SGI трикови вклучувајќи клонирање, но и рекреирање на градови и слики. Тоа сакам да го променам и овде со цел да добиеме слика како изгледал Охрид во 9 век“, истакна Виктор Криштоф од продиценската куќа „Tree broders“.


Александар Глигуроски и Јован Буџакоски се охриѓаните кои години живеат во Чешка и тие се на некој начи Главните виновници за овој голем проект кој треба да се реализира. Тие раскажуваат за тоа како дојде до соработката со продуценската куќа  „Tree broders“.

Sv Kliment Ohridski

„ Бевме поканети на промоцијата на филмот Кирил и Методиј. На тој начин имавме контект со продуцентот. Многу изненадени од убавиот филм. Кирил и Методи ги сметаме за наши, таму не беа претставени само како македонци туку  како солунски браќа. Почнавме да реагираме, за да биде истакнато дека се македонци  и тогаш се роди идејата затоа што неможеше да се промени како македонци би било во продолжение да бидат Климент и Наум“, истакна Јован Буџакоски.

Интересот во Македонија од надлежните огромен за проектот.  Александар Глигуроски окрива дека во неколку наврати разговарале со министерката за култура и додава дека уште една  средба е закажана и за утре, кога треба да се прецизираат и некои детали.

Sv Naum Ohridski

„Во Македонија има голем интерес за проктот. Некои го видоа и големиот проект  за Кирил и Методи и затоа што тој проект завршува со нивното заминување идеја имаше да се направи продолжување  и во тој филм се Св Наум и св. Климент. Имаме разговарано со општина Охрид со која имаме огромна подршка. Морам да го пофалам градоначалникот но и Зоран Велјаноски Летра со кои имаме исти идеи како може да ја реализираме оваа идеја“, истакна Александар Глигуроски.

Криштоф признава дека Св Климент и Наум се многу важни историски личности за македонците и за оваа земја. Тој ветува дека доколку добијат зелено светло за започнување на проектот ќе направи се филмот да се промовира низ целиот свет.
Според неговите проценки сценериото за филмот треба да биде готово во мај, по што веднаш би се започнало со снимањето на историскиот играно документарен филм. Доколку се тече како што е планирано се  очекува филмот да биде готов во декември следната година.   

{loadposition content9}