Се намалува стапката на невработеност во Охрид, но и на ниво на држава
Причини за ваквата слика се активните програми и мерки кои ги спорведувaат Министерството за Труд и Социјална Политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување нови лица и доедукација и преквалификација на веќе вработените.
Моментално во нашата општина евидентирани се вкупно 7000 невработени лица, од кои 3000 се лица кои активно бараат работа, велат податоците од Центарот за вработување од Охрид. Во споредба со податоците од 2007 година, кога бројот на невработените изнесувал 12.500, може да се забележи негово драстично намалување. Една од причините за ваквата слика се активните програми и мерки кои ги спорведувaат Министерството за Труд и Социјална Политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување нови лица и доедукација и преквалификација на веќе вработените. Од Локалната уверени дека овие мерки ќе придонесат за решавање на еден од најголемите социјални проблеми во нашиов град.
„За нас, како локална самоуправа намалувањето на невработеноста е приоритетна активност со оглед на економската состојба во која се наоѓа општината .Ние како Локална самоуправа правиме се да се подобри таа слика. Првиот чекор е едукација на самите работодавачи, атоа што владата согласно нејзините мерки предвидува, бенефиции за оние кои ќе вработат нови лица, за доедукација и преквалификација на веќе вработените. Се надеваме дека со преземање на овие мерки видно ќе се подобри социјалната слика во Охрид“, вели секретарот на Општината Димитар Спасески.
Од крајот на месец август и во текот на месец септември, МТСП во соработка со Агенцијата за вработување на РМ започна со спроведување на проектот, за одржување на вакви форуми со работодавачите во сите поголеми општини и центри, а нивна основна цел е зголемување на информираноста на работодавачите за активните програми и мерки на МТСП и Агенцијата за вработување, како и јакнење на социјалниот дијалог на релевантните фактори, а тоа се работодавачите, единиците на Локалната самоуправа и државните институции на локално ниво, вели Јован Баткоски – дир. Центар за вработување – Охрид.
„Исто така една од целите на овој проект е и дијагностицирање на проблемите и бариерите со кои се соочуваат работодавачите во своето работење, пред се во генерирањето на нови работни места како и можноста да се изнесат предлози, ставови, сугестии, мислења кои би придонелe за адаптирање на мерките и политиките за вработување на потребите на работадавачите“ објаснува Баткоски.
Инаку според Државниот завод за статистика стапката на невработеност во Република Македонија во вториот кваратал од годинава изнесувала 28,8 проценти. Најголем процент од населението без работа сеуште се мажи, а според објавените податоци, стапката на невработеност бележи пад во однос на вториот кваратал од минатата година. Само за споредба на крајот на 2012 година стапката на невработеност во земјава изнесуваше 31, а во 2011 година 31,4 проценти.
{loadposition content9}