Skip to main content

Најопасната „дрога“ на сите времиња – шеќерот

Безалкохолните пијалоци треба да ја имаат истата порака за предупредување што ја има и на цигарите – дека шеќерот е високо зависен и опасен, предупредува официјално лице од Холандското здравство.

seker
шеќер

Безалкохолните пијалоци треба да ја имаат истата порака за предупредување што ја има и на цигарите – дека шеќерот е високо зависен и опасен, предупредува официјално лице од Холандското здравство.

Пол ван дер Велпен, шефот на здравствените услуги во Амстредам, град во кој е легализирана продажбата на марихуаната, вели дека шеќерот мора строго да се регулира.

„Исто како алкохолот и тутунот, и шеќерот е дрога. Употребата на шеќерот мора да се намали, а корисниците мораат да бидат свесни за опасностите“, пишува тој на официјалната веб страна на здравството.

seker„Ова можеби се чини претерано и присилно, меѓутоа шеќерот е најопасната дрога на сите времиња која е лесно достапна“.

Во изјавата тој го цитира истражувањето кое тврди дека шеќерот, за разлика од мастите и другата рана, создава силна желба кај личноста да продолжи со јадење, ефект кој го користи прехранбената индустрија за зголемување на потрошувачката на нивните производи.

„Шеќерот го вознемирува овој механизам. Оној кој користи шеќер сака повеќе и повеќе, дури и тогаш кога повеќе не е гладен. Дајте му на некого јајца и тој ќе престане да јаде во било кое време. Дајте му колачиња и тој ќе јаде до тој момент кога ќе започне да го боли стомакот“, вели тој.

„Шеќерот е форма на зависност од која човек тешко се ослободува исто како пушењето. Диетите работат само привремено“.

Тој вели дека треба да се воведе данок за шеќерот и правни ограничувања поставени на износот што може да се додаде на преработената храна.

„Осигурителните компании за здравје треба да ја финансираат терапијата за зависност на нивните клиенти кои имаат проблем со дебелината. На училиштата треба да им биде забрането да продаваат благо и безалкохолни пијалоци“, вели тој.

Бројот на луѓе со прекумерна тежина во Холандија е двојно зголемен во текот на последните две децении што значи дека повеќе од половина возрасни и едно од седум деца се со прекумерна тежина.

{loadposition content9}