Skip to main content

Швајцарските франци со највалканите банкноти

Банкнотите на швајцарскиот франк се најподложни на бактерии и вируси, покажа истражувањето на тројца експерти Хабиб Гедик, Тимоти Вос и Андреас Вос, кои ја испитувале валканоста на банкнотите на валутите во еврозоната, Канада Хрватска, САД, Индија, Мароко и Романија, пренесе швајцарскиот весник „20 минути“.

banknota
банкнота

banknotaРезултатите на оваа студија покажуваат дека швајцарскиот франк е просечно валкан, колку и еврото и романскиот леј, но повеќе од индиската рупија.

Истражувачите истакнуваат оти овој резултат не говори за тоа дека Швајцарците се лежерни кога е во прашање хигиената, туку дека пресудна улога во тоа игра видот на хартијата која се користи за печатење на банкнотите и нејзината пропустливост за бактерии и вируси. Од оваа причина, сметаат авторите на студијата, банкнотите на хрватската куна и индиската рупија содржат помалку бактерии.

{loadposition content9}