Skip to main content

Почнува „Охрид Трофеј 2013“

После речиси три децениска пауза, се враќа квалитетната клубска кошарка, со меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Од денес па во наредните два дена, вистинско спортско доживување за сите љубители на клубската кошарка. Во спортската сала „Биљанини извори“ со натпреварот помеѓу екипите на Лукоил Академик и Раднички Крагујевац во 16 часот започнува Меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“. Првиот човек на Јавното претпријатие „Биљанини извори“ Иван Цветкоски се надева дека после речиси три децениска пауза ова ќе биде убава можност за враќање на клубската кошарка во нашиов град.
 
„Јас сум убеден дека наредните години ќе бидеме уште посилни со екипите, а се надевам дека екипите кои учествуваат на овој прв турнир ќе бидат задоволни и со задоволни импресии ќе се вратат дома и ќе бидат идни наши лобисти за да „Охрид трофеј “ постане еден од најјаките клубски кошаркарски турнири на Балканот.Се надевам дека после турнирот ние заедно со нив ќе размениме неколку збора се со цел да ни посочат доколку имаме слабости каде ни се слабостите во делот на органбизацијата доколку не што треба да направиме за да следната година овој турнир  да биде на повисоко ниво“, вели Цветкоски.

Покровител овој убав спортски настан е општина Охрид, а реализатор ќе биде Јавното Претпријатие „Билјанини извори“. Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека организацијата на овој спортски настан е само еден од напорите за продолжување на летната туристичка сезона.

„Мене ми е особено задоволство што во име на покровителот Градоначалникот Никола Бакрачески, да ги поканам охриѓани да го посетат овој спектакл на кој сите заеднички ќе можеме да уживаме во мајсториите на кошарката на сите екипи кои на него ќе учествуваат“ вели Спасески.

plakatИнаку на „Охрид трофеј 2013“ ќе учествуваат четири екипи. Оваа година, нашиот првак МЗТ, првакот на Бугарија, Лукоил Академик, и двете српски екипи Раднички Крагујевац и Металац Ваљево. МЗТ и Раднички се членови на АБА лигата, регионалната лига, ЛУКОИЛ е Евролигаш. Тренерите на МЗТ Влада Вукоичиќ и Лукоил Академик, Оливер Костиќ се надеваат дека самиот турнир ќе биде многу интересен па иако настанот е од ревијален карактер натпреварувачкиот дух и адреналинот ќе донесат добра игра меѓу учесниците.

Ова се пријателски турнири и сите знаеме дека резултатот не е вп прв план, но кога ќе почне натпреварот и играта, адреналинот почнува да работи кај сите учесници, и играчите и тренерите, секако не ветуваме висок пласман но ќе го бркаме првото место. Велам ова е турнир на кој нема да гледате само ревијална кошарка туку вистински натпревари“ објаснува Вукоичиќ.

„Ние сме во ситуација кога екипата на Лукоил има нов тренер, нов концепт и многу нови играчи третата недела на подготвителниот период тече, во полн состав сме така да многу е важно да на еден ваков силен турнир видиме каква е нашата состојба, до каде сме со раобтата, утре ќе ги засилиме редовите со нови играчи и се надевам дека ќе можеме да им парираме на противниците веќе утре“ се надева Костиќ.

За очекувањата од турнирот проговорија и играчите, Тенчо Банев на Лукоил и Дамјан Стојаноски на МЗТ.

„Оваа година имаме ново раководство, и сакаме да видиме до каде сме со подготовките, натпреварите се посебно значајни бидејќи ќе ни дадат насока во кој дел треба повеќе да работиме, затоа чест ни е што сме поканети да учествуваме на овој турнир во Охрид и се надеваме деќе ќе биде еден навистина прекрасен турнир“ оптимист е Банев

„Ова ќе ни биде добар тест пред првенството до каде сме, што сме и што треба да поправиме во играта за да сезоната ја започнеме и се покажеме во што подобро светло пред македонската јавност“ објаснува Стојаноски.

Инаку двата полуфиналните дуели од турнирот ќе се одиграат утре со почеток од 18 и 20 часот и 30 минути, во спортската сала „Биљанини извори“ додека во истите термини, во Сабота ќе бидат одиграни финалето и мечот за третото место. Билетите за натпреварите чинат 100 денари и важат за двата натпревари кои се играат во денот.

{loadposition content9}