Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода
Секторот за туризам и локален економски развој преку грант од германската амбасада во Македонија ќе го рехабилитира постојниот каптажен систем во селото.
Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија.
Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани.
„Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното количество на вода која што е потребна за селскиот водовод. Тоа значи дека беа огромни загубите на вода, цевководите беа скоро 100 проценти затворени, имавме цевководи каде што вода воопшто не се собираше.“-вели Горан Мицкоски од секторот за ТЛЕР.
Мицковски од секторот за ТЛЕР, вели дека за решавање на вакви проблеми на локалното население, од голема важност се малите фондови до 5 или 10 илјади евра.
И токму нивниот проект за рехабилитација на каптажниот систем во Куратица е дел од стратегијата за развој на руралните области. Мицкоски информира дека овој проект е веќе во завршна фаза.
Изјава 2 Горан Мицкоски-Сектор за ТЛЕР
„Со ова се прочистија сите тие каптажни системи и помошни резервоари, цевководите беа заменети. Стариот помошен резервоар збирен во селото исто така ќе биде надограден, за уште едно 10 до 20 метри кубни вода. Тоа значи дека жителите на ова село, во догледно време ќе имаат доволни количини на вода.“-рече Мицкоски.
Од секторот за ТЛЕР велат дека и во иднина, ваквите и слични проблеми на малите рурални заедници ќе ги решаваат претежно со мали грантови. Постоечкиот каптажен систем во селото Куратица се наоѓа во шумскиот дел од планината Мазатар на 8 километри од селото.
Регионот важи за богат со вода, но досега неговите потенцијали не можеа во целост да се искористат поради недостатоците на целиот водоснабдителен систем.
{loadposition content9}