Измени на цените на услугите на јавните претпријатија
На маратонската седница на советот на Општина Охрид најмногу внимание побудија точките кои се однесуваа на измените на цените на услугите на јавните претпријатија.
Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран Стефаноски истакна дека со донесување на оваа одлука ќе се воведат суштински промени и тоа намалени ќе бидат цените на гробните места, а ЈП-је ќе има можност да обавува и екстра градежни работи.
„Таксата за гробарина на годишно ниво за лицата кои имаат едно гробно место 720 ден со ддв, за оние кои имаат две гробни места 1200 ден. Со ддв а за оние со 3 или повеќе гробни места цената ќе изнесува 1500.ден“ кажа Стефаноски.
Јоне Станкоски Советникот од редовите на ВМРО-Народна, со предлог и за намалување и на цената на таканаречената гробарина, предлог за кој сегашната локална власт се залагала, како опозиција во советот.
„Затоа тоа ваше изборно ветување, јас ќе го дадам како предлог, да биде 360 ден, во самиот ценовник, да биде 360 ден на годишно ниво“ истакна Станкоски.
Овој предлог на Станкоски не помина пред советниците. Секретарот на Општината Димитар Спасески истакна дека со воведувањето на нови мерки и активности кои му се доделуваат на ова јавно претпријатие истото ќе стане порентабилно и попродуктивно.
Исто така нови цени ќе има и за услугите на ЈП-је „Охридски Комуналец“. Спред зборовите на вршителот должност Елена Скрческа, намалувањата ќе се однесуаваат на намалување на цената за депонирање на шут на депонијата „Мауцкер“, потоа ќе се намалат цените на садниот материјал од расадникот на ова претпријатие, цените на услугите за ангажирањето на нивната механизација, како и чистењето после манифетсациите кои се случуваат во центарот на градот.
„Досега имавме три групи на цени за манифестации. Една се однесуваше до 1000 посетители, другата над илјада, така да третата цена беше превисока за оргнизирање на манифестација па не можевме да си наплатиме по судски пат. Затоа ги групиравме во две категори, 16000 и 38 0000 денари, односно, до и над 1000 посетители“ објасни Скрческа.
Исто така измени претрпеа и ценовниците на услуги на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид и РЕ Водовод Охрид. Секраторат Димитар Спасески истакна дека единствена причина за ваквата одлука е усогласување на цените на услугите на јавните претпријатија на пазарните цени.
„Овие цени особено во ЈП-ја Нискоградба и Водовод ги правиме од причина што долги години не биле изменети цените и најверојатно во минатото не биле конкурентни на пазарот, се плаќало со компензации, цесии, тие пари тешко стигнувале до ЈП и не било битно ценовникот да биде прилагоден со пазарните услови“ кажа Спасески.
Покрај овие точки кои се однесуваа на изменување на цените на услугите на седницата на совет, помина и Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за користење н спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, со што се намалија цените на зонското паркирање во градов.
И спортот дојде на ред на седницата на совет, па така советниците и дадоа зелено светло на одлуката за одобрување на финансиски средства за материјална поддршка на спортски клуб на подрачјето на општина Охрид за 2013 година, со што ракометниот клуб „Охрид 2011“ доби финансиски средства во 25 000 евра со кои ќе може да функционира како акционерско друштво.
На дневен ред на денешната седница советниците расправаа и за годишните извештаи за работа на основните и средни училишта во општината.
{loadposition content9}