На референдум ќе се одлучува за изградба на нуклеарка во Македонија
Владата нема донесено одлука за почнување нуклеарна енергетска програма, а ако се одлучи за тоа, ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не.
Владата нема донесено одлука за почнување нуклеарна енергетска програма, а ако се одлучи за тоа, ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Меѓународната работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија, што се одржува во Скопје во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Во изминатите неколку години со препорака на Владата формирана е група во ЕЛЕМ која има задача да спроведува истражувања и да ги следи регионалните и светските трендови во нуклеарната енергетика и во новите трендови за производство на енергија и да ги обучува своите кадри во таа област.
Групата треба да собира и материјални што ќе бидат потребни за Владата да може да ги процени своите интереси и можности за учество во самостојни и во регионални проекти во областа на нови енергетски извори – рече Пешевски.
{loadposition content9}