Како потклекнуваме пред порокот наречен пушење
Земајќи ги предвид сите лоши последици по здравјето од цигарите, зошто некој воопшто би започнал да ги пуши?
Земајќи ги предвид сите лоши последици по здравјето од цигарите, зошто некој воопшто би започнал да ги пуши?
Невозможно е да се издвои една причина за ова, но ново истражување идентификува три ризични фактори за создавањето на навиката.
Истражување билo спроведено од истражувачи на универзитетот во Монтреал. Според податоците во него, за луѓето на возраст помеѓу 18 и 24 години постојат три најголеми ризични фактори за започнување со пушење цигари. Тоа се: импулсивноста, редовното конзумирање алкохол и лошите оцени на факултет.
Истражувањето е основано на податоци од 1.293 млади луѓе од регионот во и околу Монтреал кои биле дел од истражувањето од 1999 година. Учесниците биле следени во 22 „циклуси“, од периодот кога имале просечно 12,7 години до просечни 24 години.
До 22-годишна возраст, 77% од учесниците пробале цигара. 44% од учесниците започнале да пушат пред да тргнат во средно училиште, 43% започнале да пушат за време на средното училиште, а 14% започнале да пушат во следните 6 години после средното училиште.
Сите кои пробале цигари не продолжиле да пушат, но истражувачите откриле дека импулсивноста, лошите оцени и редовното конзумирање алкохол биле трите ризични фактори поврзани со оние кои започнале да пушат после средното училиште, односно помеѓу 18 и 24 години.
Истражувачите порачуваат дека програмите кои се борат против пушењето не треба да бидат насочени само кон тинејџерите, туку и кон младите возрасни.
{loadposition content9}