Еколошката свест се формира од најрана возраст
Во таа насока Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“во школските дворови на осум основни училишта од градов, од утре ќе започне со поставување на по три контејнери за селекција на отпад.
Во таа насока Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“во школските дворови на осум основни училишта од градов, од утре ќе започне со поставување на по три контејнери за селекција на отпад.
Осум основни училишта од нашиов град од утре веќе ќе може да се пофалат дека вршат селекција на својот отпад. Ј.П.Охридски Комуналец во соработка со фирмата “Пакомак” -Скопје, на овие образовни институции ќе им подели по три контејнери во кои учениците ќе може самите да ја прават селекцијата. Елена Скрческа В.Д. Директорот на Ј.П. „Комуналец“ вели дека на овој начин нашата најмлада популација најдобро ќе ја имплементира еко-заштитата во својата средина, со што ќе придонесат за заштита на целата планета, почнувајки од сопствениот град.
„Инаку ова многу допринесува за заштита на животната средина, за хигиената во кругот на училиштето и секако за намалување на отпадот кој го депонираме во депонијата „Буково“.Количински отпадот би се намалил, а придобивката етоа што ја балираме харитјата и ја продаваме,а исто така и пластиката ја балираме продаваме“ потенцира Скрческа.
На крајот на учебната година ќе се направи и избор на училишен клас кој бил најктивен во селекцијата на отпад, а средставата пак собрани од селектираниот отпад ќе овозможат реализирање на други еколошки проекти. Скрческа вели при изборот на училиштата тргнале од возраста која е соодветна за такво селектирање на отпадот, бидејќи сеуште постојат наши сограѓани кои имаат проблеми со совладување на навиката за селекција на отпад, иако веќе извесен период на неколку локации од градов поставени се контејнери за селекција на хартија и пластика.
„Има дел од повозрасните кои се навистина педантни, зошто ние во летниот период поделивме флаери низ централното градско подрачје на сите продавници, со молба да ги плескаат пакетите за да зафаќаат помал простор и не изгледаат преполнети контејнерите. Дел однив се придржуваат но дел сеуште не и затоа ја спорведуваме оваа акција, навиката се создава од мали нозе“ посочува в.д. Директорката.
Веќе утре Комуналец по школските дворови од основните училишта ќе постави по три контејнери: син контејнер во кој ќе се фрлаат отпадоци од хартија (весници, тетратки, хартиени вреќи и кеси и.т.н.); зелен во кој ќе се депонира отпад од метал (лименки, конзерви, метални кутии и капачиња) и жолт контејнер во кој ќе се фрлаат пластични отпадоци (пластични шишиња, чаши и кутии, кеси и најлон фолии).
{loadposition content9}