Читање во сеќавање на нобеловецот Шејмас Хили
Градската библиотека во сеќавање на Ирскиот нобеловец за литература Шејмас Хили.
Љубителите на пишаниот збор се потсетија на делата на ирскиот поет, писател, драматург, преведувач и нобеловец за литература – Шејмас Хили, кој почина годинава во месец август на 74 годишна воздраст.Денешниот ден градската библиотека го посвети токму на овој великан, во рамките на културните активности кои редовно ги организира, а се подржани од министерството за култура.
„Истиот поет значаен великан, еден од 100 те гении на нашето време. Тоа е светска ранг листа и тој се наоѓа на 30 тото место. Тоа беше еден од повеќето поводи во 2001 го доби златниот венец на струшките вечери на поезијата, но има и други контакти со Македонија и други пораки од нобеловиот комитет во Шветска го прават актуелен и ние со должно внимание му возвраќаме со средба со Хили“, истакна Тоде Илиески.
Директорката на Градската библиотека Александра Белевска откри дека следниов период оваа културна установа ќе им посвети повеќе внимание и на својата најмлада публика. Првиот човек на Григотр Прличев рече дека тие широко ги отвораат вратите и за дечињата од предшколска воздраст.
„Во следниот период библиотеката планира набавка на детска литература, списанија за најмладите деца од предшколска воздраст.Целта е да го приближиме детскиот свет до книгата и децата да добијат желба во следниот период да ја посетуваат библиотеката“, истакна директорката на Градската библиотека, Ангела Белеска.
Белевска додаде дека тие и досега одлично соработуваат со училиштата редовно организирајќи посети на децата од основните училишта. Директорката најавува и други активости за следниот период, поврзани со најмладите како на пример средба на најмладата читателска публика со детски поети и писатели.
{loadposition content9}