Skip to main content

Петкатница се сруши во Мумбаи, шест мртви

Станбена зграда од пет ката се урнала утрово во индискиот град Мумбаи.

 |  Голабовски Крсте  | 
indijci
индијци

Станбена зграда од пет ката се урнала утрово во индискиот град Мумбаи. Неколку багери се испратени за да ги кренат големите бетонски делови за спасувачите да можат да почнат да ги извлекуваат луѓето.
Спасувачите се на местото и се претпоставува дека под урнатините се заробени меѓу 80 и 90 луѓе.

ruseviniПреживеаните се испратени во болница, изјавил локалниот командант за одговор при катастрофи. Петкатната зграда се урнала околу шест часот наутро по локално време.

Во Мумбаи, финансискиот центар на Индија, оваа година се урнаа неколку згради.Најстрашната несреќа беше онаа кога во април се урна бесправно изграден објект, кога загинаа најмалку 72 лица. Само неколку недели подоцна се распадна дел од една болница, при што беа повредени најмалку осум луѓе.

Во јуни минатата година најмалку 10 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа кога се урна трикатна станбена зграда. Паѓањето згради во Индија е релативно честа појава, бидејќи градителите штедат на материјали вградувајќи онакви што се по стандардите, како и поради додавањето диви катови.

{loadposition content9}