Skip to main content

Лов на „Белата вдовица“

Интерпол издал налог за апсење на Британката Саманта Лутвајт позната како Белата Вдовица.

 |  Голабовски Крсте  | 
bela vdovica
бела вдовица

Интерпол издал налог за апсење на Британката Саманта Лутвајт позната како Белата Вдовица. Кениската власт се сомнева дека таа ја предводела терористичката група Ал Шабаб, која е одговорна за масакрот во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби.

Белата Вдовица е на т.н црвена потерница, со која се бара личност на интернационално ниво. Барањето за потерницата е издадено на барање на Кенија.

bela vdovicaВо овој терористички чин на милитантните исламисти се убиени најмалку 67 лица, а околу 200 се ранети. Бројот на жртвите може да расте, бидејќи при акцијата еден дел од трговскиот центар се урнал од експлозии на гранати.

Саманта е Британка, а нејзиниот маж Џеремаја Линдсеј бил еден од терористите кои на седми јули 2005 година се разнел во терористички напад во Лондон.

Нејзиното име милитантната група Ел Шабаб, која ја презела одговорноста за напад на трговскиот центар во Најроби, го објавила на „Твитер“, заедно со имињата на уште осум лица за кои тврди дека учествуваат во нападот.

{loadposition content9}