Состојбата со платите во охридските ЈП!!!!
До редакцијата на ТВМ стигнаа поплаки од граѓани дека се доцни со исплата на платите.
Граѓани, вработени во МЈП Проаква се пожалија до ТВМ дека ЈП доцни со иплата на личен доход. За да ја испитаме ова информација се обративме и до првиот човек на МЈП Проака, но и до останатите директори на ЈП. По денешната средба со нив, наидовме на крајно спротивни тврдења. Првиот човек на Проаква Томе Паскалоски вели дека откако тој е назначен за генерален директор на МЈП од 07 јуни редовно се исплаќаат платите, поточно дека секој месец се исплаќа по една плата. Тој додава дека за четири месеци има исплатено 4 и пол плати.
„Почнувајќи од крај на април, на 30 април исплатени се придонеси за месец јануари 2013 год. Значи во теконвниот месец не била исплатена ни една плата. До денеска од месец мај навака исплатени се плати заклучно со месец шести и осанува уште еден мал дел за нето плата кој ќе се сиплати во вторник на 01 бидејќи сме ограничени со финансиска рамка за минимално функционирање на ЈП која е од суд бидејќи имаме блокади околу 100 милиони денари сличен проблем како и општината. Отако сум јас директор секој месец се исплаќаат плати, а платите каснат од друг период“, истакна в.д директор на МЈП Проаква, Томе Паскалоски.
Паскалоски вели дека подобрувањето на финансиската состојба на претпријатието се должи на реорганизацијата на наплатната служба со што во голема мара се зголемела и наплатата. Директорот додава дека МЈП има голема помош и од локалната власт која ангажирајќи го ЈП во низа градежни пред се хидроградежни изведби на водоводни мрежи и по улиците, редовно ги помага финансиски.
Полека но сигурно на цврсти нозе застанува и ЈП Билјанини извори. Првиот човек на ЈП Иван Цветкоски за ТВМ отворено проговори за финансиската состојба на ЈП.
„ Ние пред два дена ја исплативме јунската плата. Тоа значи дека јули и август не се исплатени, денеска е 27 септември и касниме две плати и се надевем дека ќе останеме на тие две и во текот на зимскиот период. Ние го превзедовме ЈП со пет плати, сега сме на две плати и ќе потенцирам со оглед дека доаѓа зимскиот период, а знаеме што тоа значи за работата на ова Јп и убедени сме дека тој принцип од една плата месечно ќе го задржиме заедно со локлната самоуправа“, истакна в.д директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветкоски.
веткоски додава дека овој период откако е тој директор исплатени биле седум лични доходи. Тој признава дека во надминување на финансиските проблеми кои ги затекнал во голема мера му помогнала локалната власт. „Сметам дека граѓаните гледаат дека ЈП застанува на здрави нозе, но за цврсто да стоиме без потреба од подршка од локалната сепак треба време“, вели Цветкоски. Тој е задоволен и од брзата реакција на советот и брзата одлука на советниците кои градските паркинзи им ги довери на ЈП, одлука која веднаш даде резултати.
Цветкоски признава дека покрај исплата на лочни доходи ЈП редовно ги сервисира и тековните долгови.
Од долговите најголема ставка е долгот кон ЕВН од 7 милиони денари, за што деновиве ќе се преговара за динамика на испата или друг модел на затворање на овој долг.
За разлика од МЈП Проаква и ЈП Билјанини извори од останатите ЈП велат дека се во уште подобра кондиција. Директорот на ЈП Градски Гробишта, Зоран Симоновски не информираше дека платата за месец август е навреме исплатена и дека се надева дека до 15 ќе се исплати и личниот доход за септември. Слична е ситуацијата и во ЈП Градски пазар. Директорката Виолета Цепенскоска тврди дека и во ЈП навреме е исплатена платата за месец август. Првиот човек на ЈП Охридски Комуналец вели дека и во ова ЈП редовно се исплаќа плата. Елена Скрческа признава дека личниот доход за месец август вработените од Комуналец ќе ја земет на 01 октомври. И во ЈП Ниско градба се доцни со една плата. Првиот човек на ЈП Никола Икономов вели дека покрај средства за личен доход, ЈП редовно се сервисираат и старите долгови.
{loadposition content9}