Во синдикатот побројни вработените од јавните претпријатија
Во синдикатот побројни вработените од јавните претпријатија.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески во посета на охридскиот регионален синдикат. Првите синдикалци остварија средби со синдикалните организации во неколку приватни и јавни претпријатија во градот. Со посетата ќе се анализараат спроведувањето на Законот за минимална плата, степенот на синдикална организираност, а ќе се утврдуваат и потребите за формирање на локален економски социјален совет, информира Митрески.
Законот за минимална плата почна да ги дава ефектите и да се почитува освен во мал број приватни претпријатија, посочува Митерски. Тој укажува дека генерално во синдикатот се зачленуваат повеќе членови од јавните претпријатија.
„ Од јавниот сектор 74 посто до 80 проценти од вработените се члeнови во нашиот синдикат. Додека во приватниот сектор бројот се движи околу 25-30 посто зачленетост. Има огромен и сериозен простор овој број на зачленетост во приватниот сектор да се поправи “.
Драган Цветкоски, претседателот на регионалниот синдикат вели дека и во општина Охрид поголем е бројот на членови од јавните претпријатија кои бараат нивна заштита. За бројноста на синдикалното членство во Охрид, Цветкоски вели дека не знае колкава е точна бројка.
„Факт е дека има благ напредок во однос на зачленување на работниците во синдикатот. Верувам дека активностите на ССМ посебно на регионалниот синдикат ќе вроди со плот и ќе има поголем број на членови во синдикалното здружување во ССМ“.
Првите синдикалци ги охрабруваат луѓето од приватниот сектор масовно да се вклучуваат во синдикатот затоа што само така ќе ги обезбедуваат своите синдикални права. Митрески ги напоменува сите досегашни оставрарувања на синдикатот. Ги потенцира спроведувањето на Законот за минимална плата, утврдување на нејзината висина, Законот за мобинг, бесплатна правна помош, заштита на работата и подобрување на условите за работа. Овие крупни оставрувања се реален показател дека ССМ работи и нуди заштита и помош на луѓето кои се организирани во синдикатот, укажува првиот синдикалец Живко Митрески.
{loadposition content9}