Skip to main content

Се запалил туристички брод на Темза

Пожарот на туристичкиот брод се случил во неделата пред пладне, додека пловел покрај Вестминстерската палата. Патниците и екипажот скокнале во реката, и за среќа, никој не бил повреден.

 |  Голабовски Крсте  | 
brod temza
брод темза

Пожарот на туристичкиот брод се случил во неделата пред пладне, додека пловел покрај Вестминстерската палата. Патниците и екипажот скокнале во реката, и за среќа, никој не бил повреден.

brod temzaТуристички брод со 28 туристи и двајца членови на екипажот се запалил во неделата пред пладне на реката Темза. Туристите на бродот од паника скокале во реката, и за среќа никој не бил посериозно повреден.

Едно дете и неговата мајка примиле лекарска помош заради вдишување на чад, додека останатите патници минале без повреди. Бродот во моментите на несреќата пловел низ центарот на британската престолнина и минувал крај Вестминстерската палата.

“Триесет лица скокнаа во водата кога на бродот изби пожар. Им помогнаа други туристички бродови…Нема повредени, но некои од нив се многу шокирани и потресени”, изјавил еден од пожарникарите, пишува Sky News.

Причината за пожарот се’ уште се истражува.

{loadposition content9}