Skip to main content

Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун

Дрогата била откриена во патничко моторно возило со охридски регистарски таблички. Возачот на возилото се обидел да ја избегне полициската контрола кај превојот Пресека, и се дал во бегство.

 |  Мишел Наумоски  | 
droga
дрога

Полицијата успеа да заплени 86 килограми висококвалитетна марихуана кај селото Ботун. Акцијата, полициските службеници ја спроведоа околу 1 часот утринава, во близина на превојот Пресека.

mvr marihuanaПри обид за контрола на патничко моторно возило АУДИ А4 со охридски регистарски таблички, возачот (С.А) 34 годишен, не ги почитувал наредбите на полицијата, свртел полукружно и се упатил во правец на Охрид. Поради неприлагодена брзина, во близина на селото Ботун неговото возило излетало од патот, по што лицето се дало во бегство. Филмската потера завршила за кратко време, откако полициските службеници успеале да го стигнат, по што го совладале и лишиле од слобода. При извршен претрес во возилото од страна на полициските службеници, пронајдена е висококвалитетна опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 85, 870 килограми што на црниот нарко пазар би достигнала цена од 100 до 250 илјади евра.

Од страна на МВР во текот на денот ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава против лицето С.А поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

{loadposition content9}