Skip to main content

Мини хидроцентралите на летничките извори без добивка

Ни фирмата Феро Инвст, ни МЈП Проаква немаат бенефит од минихидроцентралите.

 |  Маленкова Татјана  | 
minihidrocentrali
минихидроцентрали

5 те мини хидроцентрали на Охридско струшкиот регион, три во Охрид и две во Струга, изградени во 2008 год. работат без добивка. Од кога се изградени, нити една година не работеле со полн капацитет и со добивка. Постапката за јавно приватно партнерство за изградба на мини Хидроцентралите беше  отворена во 2007 год. Кога беше и објавен повик за јавно приватно партнерство, на кој се пријавија  повеќе фирми, а за најповолен понудувач беше избрана  фирмата Феро Инвест од Велес. По склучувањето на договорот во 2008 год. беа изградени  Мини хидроцентралите Охрид1, Охрид 2, и Охрид 3 на охридскиот дел на Летничките извори  и две хидроцентрали на Горнобеличните извори Tome Paskaloski - direktor na MJP Proakva  во Струшкиот дел.
Во 2009 год пак, се основа и друштво на содружници кое стопанисува со мини хидроцентралите, каде Проаква е  партнер со фирмата Феро Инвест. Партнерите во друштвото имаат свои права и обврски.  Токму овде е дефиниран делот дека Финансискиот надомест на МЈП Проаква е врзан со добивката на претпријатието и изнесува 31 % од нето добивката на друштвото со ограничена одговорност – МХЕ на Летничките извори. Тргнувајќи од фактот дека МХЕ работи со загуба, тоа значи дека и МЈП нема никаков бенефит од мини хидроцентралите.

„Значи во иницијланите податоци дадени од стручните служби се превидувало поголема издашност на изворите и дека ќе има поголем бенефит и дека фирмата ќе работи со профит. Меѓутоа се случи нешто друго. Пример Охрид 1 централата работи само со 15 % од предвидените количини за прозводство на електична енергија, Рамне 2 со 75%  во 2012 год. А према планирано произведено најдобро работи Охрид 3, но таа е со помал капацитет од Рамне 2 бидејќи во рамне Хидроцентралата или Охрид 2 ги каптира или собира водите и од други извори покрај летничките извори“, истакна в.д директорот на МЈП Проаква, Томе Паскалоски.

Tome Paskaloski - direktor na MJP ProakvaПроизведената електрична енергија од мини хидроцентралите ја продава ЕЛЕМ  Македонија кои имаат броила во сите централи  и во секој момент точно знаат која количина на електична енергија испорачана и колку е приходот од тоа.
Директорот Паскалоски додава дека тие како подружници имаат право најмалку еднаш годишно да одржат собир на подружници, на кој ги разгледуваат и финансиските извештаи кои се направени по ревизијата од овластен ревизор.
Токму овие извештаи потврдуваат дека во Охридскиот дел мини хидроцентралите работат со загуба од милион и седумстотини илјади денари. „Ова значи дека дел од профитот кој треба да се оствари- ние го немаме. Тоа значи немаме бенефит, а договорот на содружништво е 40 години“, истакнува в.д директоторот на МЈП Проаква Томе Паскалоски.  

„Во првичниот договор за јавно приватно партнерство пишуваше дека 18 % од испорачаната електрична енергија во паричен надомест треба да се исплатува на МЈП Проаква, но зошто тоа после со новиот договор за основање на друштвото со ограничена одговорност, каде сме содружници е променет да имаме дел од профитот 31 % не навлегувам, но работите стојат вака како што се. Во моментов фирмата работи со загуби кои се очигледни“, истакна Паскалоски.

Паскалоски открива дека само трите Летнички хидроцентрали имаат бруто приход околу 12 милиони денари или 200 000 евра, а само по основ на амортизација  имаат оклу 5 милиони денари, а 7 милиони денари се обврски по камати и курсни разлики по земање на долгорочни кредити за изградба на тие хидроцентралите. Среќа во несреќа е што МЈП Проака нема трошок, бидејќи овие хидроцентрали се  тотално автоматизирани и немаат вработени.  Целата контрола и мониторинг на хидроцентралите се прави преку софистицирана електонска опрема директно од Скопје. Инвестицијата е околу 2 милиони евра.

{loadposition content9}