Skip to main content

Воспитувачи од детските градинки од Словенија ја посетија „Јасна Ристеска“

 Воспитувачи од детските градинки од Словенија ја посетија „Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Неловска  | 
vospitacka
vospitacka

50 тина вопситувачи, негувателки и директорки од Словенија ја посетија охридската централна градинка „Јасна Ристеска“. Директорката на градинката Роза Костеска кажа дека со нивните колеги од Словенија размениле меѓусебни искуства во работењето на установите. Гостите се интересирале за начинот на работа на градинката, како и  за програмите по кои се работи со децата.

„ Ние се носиме со европските стандарди, нема критики. Во некои работи дури сме и понапред од нив. Само што кај нас треба да има помал број на деца во групите. Се друго се работи над стандардите. Гостите се воодушевени од просториите, од креативноста на воспитувачите и  децата од сите возрасти“.
gradinka
Гордана Вренешиќ, директорка на градинка во Трбовље, вели ние чувствуваме некоја поврзаност со бившите ЈУ републики меѓу кои со Македонија. Дојдовме да видиме како работат,  дали има некои разлики, појаснува Вренешиќ. Таа ги покани  охридските колешки на возвратна посета .

„Не знам што би Ви пренесле Вам. Би било добро да не посетат во Словенија. Впечаток ние што има голема игрална и занимални, но би посакале воспитувачките да не се грижат една на 35 деца, би посакала да имаат помалку деца“.

Словенечките воспитувачки ќе бидат во посета на македонските градинки една недела. Покрај Охрид тие ќе ги посетат и градинките во Прилеп, Битола и Скопје.

{loadposition content9}