Нобеловата награда за медицина во рацете двајца американци и еден германец
Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман заедно со германскиот научник Томас Сидоф се добитници на Нобеловата награда за медицина 2013 бидејќи докажаа како протеините и другите материјали се пренесуваат низ клетките.

Комитетот што ја доделува Нобеловата награда соопшти дека нивните истражувања за транспортниот систем на нашите клетки, им помогнале на научниците да сфатат како материјалите стигнуваат на вистинското место во вистинско време внатре во клетките.
Пореметувањата на овој систем имаат штетни последици и придонесуваат за јавување на заболувања како невролошки болести, дијабетес и нарушување на имунитетот, вели комитетот.
Ротман е професор на Универзитетот Јеил, а Шекман работи на Беркли, Универзитетот на Калифорнија. Сидоф почна да работи за Универзитетот Стенфорд во 2008 година.
Со соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда за медицина почнува годинашната сезона на Нобелови награди. Наградите за физика, хемија, литература, мир и економија ќе ги соопштуваат други комисии во текот на оваа и следната недела. Секоја награда има парична вредност од 1,2 милиони долари.
{loadposition content9}