Носталгијата, не е толку лоша работа
Носталгијата се сметала за нарушување долго време. Но, сега многубројните истражувања покажале дека носталгијата е добра за многу работи.
Носталгијата се сметала за нарушување долго време. Но, сега многубројните истражувања покажале дека носталгијата е добра за многу работи. Носталгијата можеби предизвикува тажни чувства кај повеќемината, но таа всушност е добра за осаменоста, здодевноста и анксиозноста. Докажано е дека носталгијата предизвикува да бидете подарежливи кон непознатите луѓе и потолерантни со луѓето кои не ни се блиски.
Паровите се чувствувале поблиски и посреќни кога споделувале носталгични спомени. Во студентите денови, луѓето може да ја искористат носталгијата за да се чувствуваат потопло, буквално.
Носталгијата чини да чувствуваме дека нашиот живот има корени и продолжение. Таа прави да се чувствуваме добро за нас и за нашите врски и му дава содржина на нашиот живот.Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои често чувствуваат носталгија живеат посреќно и подобро се соочуваат со здравствените проблеми.
Истражувачите откриле дека младите возрасни чувствуваат носталгија најчесто. Тие им препорачуваат на сите да бидат носталгични двапати или трипати неделни за да ги искусат старите добри искуства повторно и да се посреќни.
{loadposition content9}