Почесни конзули на Македонија во посета на Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески домаќн на зедничка средба со 45 почесни конзули во Р. Македонија од целиот свет. Промоција на Охрид со сите негови убавини и приоритети, заложбите и развојните стратегии на општината, цел на денешната средба.
Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба и работен ручек со 45 почесни конзули во Р. Македонија од целиот свет. Домаќинот, ја појасни целта на оваа несекојдневна средба. Тој истакна дека ја користат оваа ретка можност на директен и непосреден начин, на конзулите да им ги претстават нивните заложби за Локален економски развој на општина Охрид, како и развојните стратегии во туризмот и се она што општината го прави да го подигне стандардот на населението.
„Оваа средба ќе ја искористиме да го промовираме градот Охрид како културно и природно наследство на УНЕСКО, да ги промовираме природните реткости и убавини на Охрид, секако дел од нашата традиција од нашата култура и историја и да ги потенцираме нашите потенцијали во делот на туризмот како и во делот на лесната индустрија, земјоделието, можностите за развој на медицинскиот туризам, развој на образовните дејности.
Конзулите од Индија и Алжир веќе размислуваат за искористување на бизнис можностите кои ги нуди нашиот прекрасен Охрид.
Работниот ручек и средбата беа одржани попладнево во вила Света Софија. Почесните конзули беа воодушевени од гостопримството и убавините на Охрид. Воедно тие упатија порака дека своите импресии за Македонија посебно за Охрид ќе ги пренесат во земјите од каде што доаѓаат и сметаат дека Македонија има голем голем потенцијал кој треба да се искористи.
{loadposition content9}