Со знаење ќе се надградува локалната администрација во Охрид
Охридската администрација со проектот на Министерството за информатичко општество преку системот на микро учење ќе станува поефикасна. Тоа ќе значи подобрување на квалитетот на услугите кои се даваат на граѓаните, согласни градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и ресорниот министер Иво Ивановски.
Надградба на знаењата на охридската локална администрација преку учење на работните места. Од наредната недела вработените во општина Охрид, ќе бидат дел од проектот кој го спроведува министерството за информатичко општество преку системот на микро учење. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество Иво Ивановски на денешната средба констатираа дека на добар дел од вработените во Локалната самоуправа потребна им е обука и дообука на полето на информатиката.
„Она што е посебно важно за кое што побаравме и стручно мислење од министерот Иваноски, беше иницијативата на општина Охрид, за која што во завршна фаза е тендерот за набавка на нова информатичка опрема со која што ќе создадеме еден интегративен систем кој што досега воопшто не беше воведен во општина Охрид, со цел да создадеме поефикасна администрација, да ги рационализираме активностите, да имаме подобра координација и интеграција на сите сектори и одделенија кои што функционираат во склоп на локалната самоуправа“.
Министерот Иво Ивановски истакна дека со воведување на системот на микро учење, административците ќе се стекнат со знаење кое ќе им користи полесно да доаѓаат до информаци. Додаде дека сите оние кои ќе бидат дел од обуката што ја спроведува министерството за информатичко општество се стекнуваат со корисничко име, добиваат инсталација на нивниот компјутер или паметен телефон така што со системот на микро учење ќе можат да следат и дополнителни обуки а исто така да го користат овој систем како потсетникт на материјата која што ја изучуваат.
„Тоа овозможува на вработените во администрацијата со овој систем на микро учење да ги добиваат навремено новите измени на нивниот компјутер а секој дневно да излегуваат овие картички на потсетување и да ги потсетуваат за измените. Тој е систем од Австрија, го спроведуваме веќе подолг период, а веќе од наредната недела активно ќе испратиме лица кои што ќе им помогнат на општината да го инсталираат на сите компјутери кои што се моментално присутни, да ги обучиме оние кои што работат на поддршка на компјутерскиот систем во општина Охрид да можат да ги инсталираат и на новата опрема која што доаѓа, а дополнително да направиме и првична обука на вработените во општината за да можат поефикасно да им нудат услуги на граѓаните на општина Охрид“.
Системот за управување со учење на јавната администрација, како и продолжување на искористувањето на новите технологии со цел таа да биде навремено и постојано образована, треба да допринесе ефикасно и ефективно задоволување на барањата на граѓаните.
{loadposition content9}