Skip to main content

„ Кино Охридско езеро“ и „ Охридски брилјанти“ документарци од минатото на градот

 „ Кино Охридско езеро“ и „ Охридски брилјанти“ документарци  од минатото на градот .

 |  Валентина Неловска  | 
kino
kino

Првата кино сала „Охридско езеро“ и музичкиот состав „ Брилјанти “ се творечка инспирација за  Љупчо Паункоски и Ѓоко Симјановски да направат два документарни филмови. Авторите со документарците ќе сочуваат од заборав два периоди од минатото на Охрид.  Обајцата имале намера да ги потсетат повозрасните охриѓани на едно убаво време од нивната младост, а на помладите да им покажат како нивните родители,  баби и дедовци го поминувале слободното време.

„ Се работи за две различни тематики,  но ги спојува тоа што го обработуваат културно- забавниот живот во едно минато време. Во нив се вклучени личности кои се живи и биле дел од тие случувања .“
dokumntarci
Љупчо Паункоски со документарецот „ Кино Охридско езеро“ го опфатил периодот од 1924 година па се до денес. Кино салата „ Охридско езеро“ е дел од историјата на Охрид. Колку е можно една историја долга еден век да се смести во докуменатрец од 38 мин, навистина  е малку .И десет филмови се малку за да се опишат сите случувања со киното  во овие години, вели Паункоски. Неговата намера била да го покаже сјајот на некогашното кино.

„ Кога тука се прикажувале најубавите филмови, кога немало ТВ, интернет, не постоеле мобилни телефони. Единствена забава биле филмовите  и многу често охриѓани ги посетувале кино претставите“.  

Ѓоко Симјаноски е автор на документарниот филм „ Охридските Брилјанти“ кој има музичка тема, а е посветен на ВИС Брилјанти од пред 5 децении. Еден исечок од весник, од далечната 1965 година пронајден на интернет, бил мотивација Симјаноски да ги собере членовите на  тогашниот ВИС „Брилјанти“ за да потсети на тоа време кога го создавале репертоарот и ги забавувале охриѓани.

dokumntarci„ Идејата ми беше да кажам што што прават денес овие 4 момчиња,  од тој период кога имаа 20- тина и помалку години. Што се случува во нивниот живот во изминативе 5 децении, дали нивните преокупации се врзани за музиката. Едноставно да раскажам 4 различни животни  приказни кои во одреден момент од нивната младост биле на едно место“.

Љупчо Паункоски филмот го работел со сопствени средства, а Ѓоко Симјаноски во продукција со ТВМ Телевизија. Двата документарни филмови ќе бидат прикажани утревечер во ЦК „Григор Прличев“, а се подарок за охриѓани по повод претстојниот празник 11-ти  Октомври. 

{loadposition content9}