Skip to main content

Свечено отварање на градинка во Лескоец

Охрид е пример како треба една општина да работи во делот на згрижување на децата од предучилишна возраст, истакна Министерот за труд  социјална политика Диме Спасов. Денес тој, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ги пуштија во употреба новите простории адаптирани за детска градинка во рамките на ОУ Ванчо Николаски во село Лескоец.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

Во село Лескоец Охрид денес беа пуштени во употреба новите простории за згрижување на деца од предучилишна возраст. Лентата ја пресекоа Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на градинката Розе Костеска. Ресорниот министер Спасов истакна дека со отварањето на новите простории во Лескоец се зголемува капацитетот за сместување на плус 40 деца од предучилишна возраст во општина Охрид, што според него навистина е за пофалба.

spaspov„Градоначалникот на општина Охрид и сите вработени во општината, како и советниците и претседателот на советот со овој проект покажуваат вистинска грижа за децата од предучилишната возраст како што бев информирав набргу ќе биде отворена уште една градинка во други просторни услови во село Велгошти со тоа значително се зголемува капацитетот за згрижување на децата од предучилишна возраст. Ова е вистински пример како една општина треба да работи и да се грижи за децата од предучилишната возраст и дека овој пример ќе го следат и другите општини  

Градоначалникот Бакрачески не го криеше задоволството од денешниот настан. Тој  истакна дека отварањето на новите простории во село Лескоец, во неговиот досегашен мандат претставува еден од најуспешните проекти.

„Сметам дека ова е добар мотив како што истакна и самиот министер Спасов за  другите општини во земјава да имаат можност, односно причина да отвораат вакви проекти во поодалечените места и да им се овозможи на граѓаните во таквите места како што е Лескоец да го донесат децата и тие да бидат згрижени и воспитувани на адекватен начин а родителите  да можат да ги обавуваат своите работни обрвски“.

spaspovДиректорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, задоволна од амбиентот и условите за работа кои ги нудат на децата во  новите простории за згрижување и воспитување деца во Лескоец. Таа истакна дека интересот за згрижување на деца е поголем од очекуваното.

„Бројот на деца заинтересирани за овој објект се преку 60, со тоа што врз основа на барањето што го доставивме до Локалната и до миностерството имавме 21 дете одлучивме тие деца да останат во градинка во градските средини а останатите сите ново запишани да ги згрижиме во овој објект“.

Градинката со работа стартува од понеделник. Кадровското прашање веќе е решено информира директорката. Новите простории за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во село Лескоец, кои се во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ се на простор од 150 квадрати. За нивна адаптација инвестирани се 500 000 илјади денари, средства од Локалната, ресорното министерство како и средства од локалните донатори.

{loadposition content9}