Skip to main content

На Мауцкер се подготвува терен за индустриска зона

До крајот на годинава треба да биде изготвена целокупната планска документација околу теренот за изградба на новата индустриска развојна зона кај локалитетот Мауцхер, најави градоначалникот Никола Бакрачески. Со тоа се отвара можност, инвеститорите да отворат мали и средни претпријатија, шро ќе значи и нови вработувања за охриѓани.

 |  Николоска Биљана  | 
maucker
мауцкер

mauckerСе подготвува терен за изградба на новата индустриска зона кај Мауцкер. Како што открива градоначалникот Никола Бакрачески во завршна фаза е планската документација за оваа развојна зона, и смета дека до крајот на оваа календарска година истата треба целокупно да се  заврши.

„До крајот на годинава и така се зададени рокови до Секторот за урбанизам и Секторот за комунален развј и сообраќај, имаат обврска до крајот на годината да ја завршат целокупната планска документација и веднаш после тоа да се спроведе постапка за поделба на таа индустриска зона на парцели и да се објави постапка за издавање на тие парцели се со цел да привлечеме инвеститори кои што ќе можат во таа зона да отворат мали и средни претпријатија во кој што ќе бараме можност за вработување на населението од Охрид“.

mauckerБакрачески образложи зошто досега не беше подготвена  планската документација за изградба на оваа индустриска зона, која е од исклучителна важност за градот.

„Многубројните предмети кои што беа доставени од граѓаните до Управата за имотно правни односи а некои од нив беа во тек некои завршени, беа причина зошто до сега не е направена планска документација за изградба на една индустриска развојна зона. Сега веќе во овој момент имаме една чиста ситуација, парцелите кои што се денационализирани односно кои што граѓаните си ги вратиле по пат на денационализација се изклучени од таа индустриска зона и таа зона ќе се гради во просторот кој што е во сопственост на Р. Македонија“.  

Инаку, познато е дека во Владина процедура е постапката за преземање на земјиштето на делот кај Мауцхер кое од Министерството за одбрана се предава на Општината, каде што е предвидено да се гради индустриска развојна зона.

{loadposition content9}