Skip to main content

После пет години започна систематска дератизација во Охрид

Конечно дератизација во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
deratizacija
дератизација

Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари.

„Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен  и здравствен инспекторат и според deratizacijaусвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма и законските обврски од денеска па во наредните неколку денови, заедно со центарот за јавно здравје и екипи на ЈП Нискоградба ќе се изврши дератизација во канализацината мрежа“, истакна портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски.

Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје во соработка  ЈП Нискоградба. Директорот на центарот Атанaско Михаилов, вели дека дератизацијата во Охрид е повеќе од неопходна, затоа што точно пет години не била спроведена, поради како што вели лошата комунинација на центарот со бившата локална власт.
Целата постапка е предвидено да се одвива во октомври и ноември. На терен работат  три тима од центарот за јавно здравје, заедно со ЈП Нискоградба затоа што тие стопанисуваат со канализационата мрежа. Дератизацијата се одвива по зацртан динамичен план и истата ќе го опфати целиот град.  

deratizacija„Бидејќи се прави дератизација во сите шахти, првиов период преку една шахта, а после во секоја е доволно да се направи ситемско уништвање на глодарите и ако тоа го правиме секоја година, можноста за појава на глодари ќе биде многу мала или никаква. Отровната материја е желатинозна и таа е отпорна на растопување на дожд. Во шахтите има и испарување и влага и во поглед на растопувањето не зависи до временските услови“, вели директорот на центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Михаилов вели дека октомври е најдобриот период за дератизација, затоа што летно време глодарите се по полињата и нивите каде има повеќе храна, додека овој период по потрага по храна, се враќаат во канализационата мрежа.
Во Охрид дератизацијата се изведува со поставување на мамки во шахтите. Овој  е наједноставен, најприфатлив и најефикасен начин на уништување на глодарите.

Михаилов јавно испрати и предупредување до граѓаните кои поради било која причина  имаат потреба од отворање на шахтите, да не ги допираат мамците кои се поставени со висечко јаже, затоа што станува збор за отров.


{loadposition content9}