ЈП „Охридски Комуналец“, ќе добие нови возила
ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават.
ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават.
Ќе се обновува возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Старите дотраени камиони за подигање на смет постојано се расипуваат па од таму потребата за набавка на нови. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, Локалната самоуправа при крај е со изготвување на документацијата за апликација до Светска банка за подигнување на кредит. Доколку истиот биде одобрен, дел од средствата ќе бидат наменети за набавка на механизација за изведување на тековните активности на претпријатието.
„Средствата најпрво ќе се користат за набавка на опрема и машини за јавното комунално претпријатие, со што сметаме дека ќе ги подобриме перформансите на ова претпријатие се со цел да имаме почист и поуреден град“.
Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа не крие дека претпријатието се соочува со проблемот на недостиг на возила за подигање на смет. Таа не е задоволна од моменталната состојба на возилата за подигање на смет со кои располага претпријатието.
„Сите се над 20 години стари и со нив се соочуваме со големи дефекти , голема потрошувачка на гориво и скоро секој втори ден се јавуваат дефекти, поради тоа ѓубрето не се подига некаде, а со тоа расте и револтот и незадоволството кај граѓаните, што не би требало да е така, напротив граѓаните со право ја бараат потребната услуга.“
За почеток потребно е набавка на 6 возила од различни категории, кои би чинеле некаде околу 250 000 евра. Доколку Светска банка го одобри кредитот истиот ќе го враќа ЈП „Охридски Комуналец“. Понатака на ЈП ќе му треба набавка на багер, цистерна за миење улици и мали машини за смукање на листови.
{loadposition content9}