Русите го извлекоа најголемиот метор кој паднал на Земјата
Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.
Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на тоа подрачје, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри.
Се чека потврда од експертите дали тоа е најголемиот метеор пронајден на Земјата.
Повеќе од илјада луѓе беа повредени кога 17-метарскиот камен влезе во атмосферата, и се распадна во Русија на 15 февруари.
Научниците предупредуваат дека ќе биде потребно извесно време за да се потврди дали каменот пронајден во езерото навистина доаѓа од вселената.
Карпата е пронајдена во езерото на длабочина од 13 метри.
Нуркачите досега од дното на езерото извлекоа 12 парчиња, но само околу пет од нив се потврдени како делови од метеор.
{loadposition content9}