Неизвесна судбината за изградба на Св. Димитрија, Октиси
Статус кво е изградбата на црквата Св. Димитрија во Октиси струшко, изјави митрополитот дебарско-кичевски г Тимотеј. Од Комисијата за односи со верските заедници пак, сметаат дека во најскоро време МПЦ и ИВЗ треба да изнајдат начин за да ги решат недоразбирањата во врска со овој случај.
Останува неизвесна судбината околу изградбата на црквата Св. Димитрија во Октиси, струшко. Судбината на овој верски објект беше доведена во прашање кога пред нецели два месеци жителите од муслиманска вероисповед спречија да се изврши осветување на темелите и покрај укажувањата на православните верници од селото, дека тоа место е црковно и нема да отстапат од намерата за подигање на Божји храм. Во врска со ова прашање досега се остварени повеќе средби со митрополитот дебарско-кичевски г- дин Тимотеј, струшкиот градоначалник Зијадин Села како и со струшкиот муфтија Селим Салиу, но без конкретно решение.
„Мислам дека засега останува на статус кво, мислам се разговара но не се дава плод“.
А додека траат преговорите струшкиот градоначалник Зијадин Села од Основниот суд во Струга побара времено стопирање на градежните работи, но судот го одби. Валентина Божиновска претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е оптимист. Таа вели преостанува во најскоро време МПЦ и ИВЗ заеднички да изнајдат начин со цел да го надминат проблемот и сите недоразбирања.
„Но она што се вети и мислам дека треба да поработиме на терен од двете страни, се нашата црква значи од тука она што веќе го работи дедо Тимотеј и муфтијата струшки, јас мислам дека во скоро време ќе имаме разрешница особено заради два аргументи првиот дека градежните објекти кои се почнати работи во Октиси се согласно законите, маркиците, правилата според нашиот закон, според урбанистичкиот план и особено што првостепениот суд реши дека градежните работи можат и треба да продолжат во Октиси“.
Моментално во струшко Октиси е мирно. Меѓуверскиот инцидент се случи на 25 август годинава, кога православните жители на селото Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповест да започнат со градба на црквата “Свети Димитрија”.
{loadposition content9}