Skip to main content

Охридските образовни институции континуирано работат на еколошката свест

Охрид домаќин на интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членки на светската фондација за еколошка едукација.

 |  Маленкова Татјана  | 
eko ucilista
еко училишта

Интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членики на светската фондација за еколошка едукација се одржува во Охрид.  По тој повод видни гости од цел свет, екологисти и научници кои ја промовираа еколошката програма ги посетија градинката Јасна Ристеска и основното и средното училиште Св. Климент Охридски.  Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства eko ucilistaод европски фондови. Градинката во еко проектот е вклучена од 2009 год.

„Цртежите на тема екологија постојано се присутни во нашата градинка, а имаме и садење на цвеќиња, садење на желади, вклучени сме и во акцијата ден на дрвото, постојано уреедување на дворот со дечињата, постојано шетање на чист воздух. Сето тоа е во навики на здрав живот за дечињата да се научат како се води здравиот живот. Користење на сонцето водата, воздухот и на сите природни фактори кои влијаат врз здравјето“. истакна директорот ЈОУДГ Јасна Ристеска, Розе Костеска.

Претставници од 56 држави  – координатори на Еко училишта, денеска во посета и на ООУ Св. Климент Охридски. Директорот Јордан Пуровски пред гостите ја презентираше  еколошката програма по која работи училиштето, но и сите еколошки проекти кои се изработени во ООУ Св Климент Охридски.

„Целта е размена на искуства и да видат како кај нас во Македонија  се имплементира таа програма. Програмата за еко училишта е светска програма и повеќето држави во светот ја имплементираат. Нашето училиште уште од 2009 год. Започна со оваа програма и се здоби со статус еко училиште. Оваа година се изработи акционен план со сите соработници во училиштето со цел да се стекнеме со највисокото звање, зелено училиште. Доколку успееме во тоа во понатамошните години ќе можеме да користиме европски фондови финансиски средства“, истакна директорот на ООУ Св. Климент Охридски, Јордан Пуровски.

„Еколошката свест, мора да започне од најраните години, па да продолжи кај нас и да се прошири во сите семејства, па сите комплетно да бидеме како една еколошка средина“, истакна директорот на ОСУ Св. Климент Охридски  Никола Тренески.

„Оваа средба го покажува и нашето учество во националниот проект за еко училишта кои егзистираат веќе две години и овде се присутни националните координатори од повеќе земји вклучени се 50 повеќето се присутни на оваа средба. Во иднина сакаме овие еко стандарди се повеќе да ги примениме и во нашето училиште, но и во нашиот град воопшто во Македонија“, истакна директорот на ОСУ св. Климент Охридски, Никола Тренески.

eko ucilistaПрограмата Еко училиште – Еко градинка, е интернционална од фондацијата за еколошка едукација ФИБ. Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО е национален оператор за оваа програма и истата ја работи во соработка со министртвото за образование и наука.

„Целта на средбата е да се разменат искуства и идеи за програмата која се спроведува во училиштата и градинките во сите земји во светот, но и да се најдат нови начини и идеи како да се подобри спроведувањето на прогармата. Со ова училиштата и градинките добиваат можност да се вклучат во интернационалната мрежа за еко училишта и еко градинки од каде ќе имаат многу поволности. Учества во натпревари, учество во проекти, размена на ученици, на наставници и ред други поволности“, истакна програмски менаџер ОХО, Билјана Петревска.

Петревска додава дека од Охрид ниту една образовна институција не го има добиено највисокиот статус од програмата – зелено знаме. Но таа се надева дека оваа година училиштата ќе се закитат со вакво признание.
Во трите образовни институции каде денеска централна тема беше екологијата, за видните гости беше подготвен и коктел на кој беше презентирана здрава храна и традиционални специјалитети како што е  ајварот, тавче гравче , сарми, варен геврек. Во подготовката на карактеристичните вкусни јадења од нашиот регион се вклучија вработените од градинката и училиштата.

{loadposition content9}