Skip to main content

Во Коселска река рибокрадци недозволено ловат плашица и Охридска пастрмка

Во Коселска река рибокрадци недозволено ловат плашица и Охридска пастрмка.

 |  Валентина Неловска  | 
Koselska reka
KOselska reka

Со недозволен риболов од Коселска река  големи количини  плашица и охридска пастрмка завршуваат во  фрижидерите на рибокрадците. Најчесто рибата се лови ноќе со мрежа и кепче  укажуваат жители кои живеат покрај реката и се сведоци за недзоволеното  ловење. Во овој период  со намалување на температурата на водата во Охридското езеро плашицата влегува на зимување и по храна во Коселска и Сатеска река, но таму и прети уништување од несовесни риболовци, вели Радован Димитриески од СРД „ Св. Апостол Петар“, концесионер на  речниот слив на Охридското езеро. За да се откријат и казнат рибокрадците направивме неколку контроли кои за жал беа неуспешни, но нема да запреме и ќе продолжиме да ги правиме и понатака,  додава Димитриески. Апелира до риболовците и жителите од селата покрај Коселска река доколку забележат рибокрадци да ги алармираат концесионерите, но и инспекторите од министерството за земјоделие и  полицијата.
reka
 „ Сите со заеднички сили да го искорениме рибокрадството кое нанесува голема штета не само на плашицата туку и на рибниот фонд со кој се порибува со млади пастрмки. Апелира до сите рибари кои ќе уловат мали пастрмчиња да ги пуштат во водата“.

Пред неколку месеци Коселска  река била порибена со примероци на охридска пастрмка, а според планот порибување ќе има и до крај на 2013 година, укажува Димитриески.  

„Порибен е со охридска пастрмка целиот речен слив на Охридското езеро, а според планот за 2013 ќе се порибат реките  Коселска, Сатеска. Песочанка и Сини Вирои. Сите води кои припаѓаат во езерскиот слив. Требенишко езеро нема да се пориби затоа што рибниот фонд од Слатинско езеро е префрлен таму и може да дојде до помор.“

Што се однесува до рекреативниот риболов на реките е дозволен единствено само со дозвола и легитимација издадена од Риболовното друштво Св. Апостол Петар, напоменува Димитриески. Додека риболовците без довола може да бидат казнети со глоба во висина до 500 евра, а за недзоволен лов со мрежа прават кривично дело. За нив законодавецот покрај предвидените парични казни предвидел и казна затвор од 1 до 5 години.

{loadposition content9}