Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна
Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна.
Детската градинка Јасна Ристеска има потреба од работа на уште една кујна.. Зголемениот број на згрижени деца во установите наметнува потреба и од поголем капацитет на кујната каде што се приготвува храна за децата. Храната за 878 деца во сите објекти на детската градинка се подготвува во кујната на централната градинка и се дистрибуира во останатите клонови иако има кујни и во Лихнида и Росица. Со години не било вложувано во обнова на техничката опременост на кујните и сега тоа почнува да се чуствува , кажува вршителот на должност директор Роза Костоска.
„ Се досега што се расипувало од апаратрите во централната се носело од кујните од двете градинки па сега недостигаат апарати и бела техника таму. Станува збор за бела техника како онаа хотелската, а треба да се запазат и стандардите по Хасап тоа е уште една ивестиција која што претстои во иднина за да се опреми една кујна , и да ја поделиме работата во две кујни, а тоа ќе значи и нов персонал за во кујна“.
Засега ќе мора да се снаоѓаме со капациетот и персоналот кој што го имаме на располагање , напоменува Костоска.
„ Имаше можност персоналот да го поделиме во два објекти и да се подели работата, но проблем е опремата. Опремата е префрлена во централната градинка. Таму се останати расипани апарати нема соодветни фрижидери и шпорети. До јануари персоналот во кујната ќе мора да се ангажира повеќе.“
Веќе од идната година, раководството на градинката ќе прави напори да се издвојат пари за техничка обнова на постоечките кујни и опрема на уште една нова. За оваа година нити Локалната самоуправа нити државата немаат пари за вложување во кујните во градинката „Јасна Ристеска.
{loadposition content9}