Кратко траеше радоста на Митреви
Охридското семејство Митреви не се радуваа долго на топол дом. Тие мора да ја напуштат куќата во која за една година наш иселеник од Австралија им ја плати киријата. Сега се повторно под ведро небо. Да биде несреќата поголема нивните деца се распрснаа по домови и на улица.
Кратко траеше радоста на семејството Митреви. Деновиве тие за жал повторно останааа под ведро небо да се снаоѓаат како знаат и умеат, без покрив на главата, струја, вода и основните елементарни потреби за нормален живот. Минатата година наш иселеник во Австралија, на ова семејство краткорочно им ја ублажи маката, така што за една година им плати кирија. Но за жал времето брзо лета и суровата реалност повторно ги притегна тие да се снаоѓаат како знаат и умеат.
„Бев кај градоначалникот сега моментално сум на улица и да знајте дека таму и ќе останам. Ако може градоначалникот да дојде или да пушти некој од неговите луѓе да види каква ми е состојбата да види како се живее во колиба искрпена со штици. Го молам градоначалникот да ми даде било каква барака“.
Маката на Митреви не завршува тука. Тие останаа и без своите деца, точно поради лошите услови за живот. Малата Мартина е во дом во Битола, Стефан во дом во Кавадарци, а Кате која има само 14 години постојанао била на улица и спиела кај нејзините другарки, раскажува, сопругата на Аце, Босилка. Таа вели дека многу и недостасуваат децата и тешко и е што се далеку од неа и што неможе да ги посети“.
„Имам со децата контакт им се јавувам во Битола и Кавадарци 05:43+05:53 „Го молам градоначалникот да ни помогни за станбено прашање, било што инаку сме на улица без вода и струја“.
Александар Митрев вели дека не постои врата од институциите на која што не тропнал, се обратил до Владата, до градоначалникот, до Агенцијата за станбен и деловен простор но сеуште за него е енигма зошто никој во градов и во земјава не се нафати да му помогне. Кај него сеуште постои надеж дека градоначалникот Никола Бакрачески со кој остварил и лична средба ќе изнајде начин како да му го реши станбеното прашање, за да може да си ја собере фамилијата на едно место и да им обезбеди топол дом. Инаку ТВМ Телевизија потресната сторија за семејството Митеви ја објави во март 2010. Хумани граѓани и стопанственици како и Црвениот Крст од Охрид во неколку наврати донираа помош за ова охридско семејство. Но и 4 години подоцна трајно решение за Митреви не се најде.
{loadposition content9}