Општина Охрид ќе управува со Мауцкер и касарната
Министерството за одбрана локалитетот Мауцкер и касарната ќе ги отстапи на општина Охрид. Со тоа се отвараат вратите на сите заинтересирани кои сакаат да инвестираат во новата индустриска развојна зона која треба да никне кај локалитетот Мауцкер.
Во тек е постапката за отстапување на земјиштето на Мауцкер и касарната, на управување на општина Охрид изјави државниот секретар на министерството за одбрана Сашо Стефаноски за време на вчерашната работна посета на Охрид. Целта е ресорното министерство да даде допринос во економскиот развој на Охрид, додава тој.
„Тоа е наша одговорност како Влада на Р. Македонија. И ние тоа ќе го направиме преку две конкретни работи. Тоа е преку пренесување на корисничното право на објектите во локалитетот Мауцкер со што на општина Охрид ќе му се даде можност да формира индустриска развојна зона и се разбира делот во касарната, кој што е предвиден во програмата на Министерството за одбрана да биде пренесен на управување на општина Охрид“.
Стефаноски нагласи дека со овој потег, Министерството за одбрана сака да придонесе за подобар живот на охриѓани а на општина Охрид да и овозможи да оствари профит која ќе го вложи во подобрување на комуналната инфраструктура и за останатите потреби.
{loadposition content9}