Неизвесна судбината на Слатинско Езеро
Неизвесна судбината на Слатинско Езеро.
Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци, неговата судбина е неизвесна. Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот Игор Трајкоски.
„Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот министер најави во најскор можен период да се изготви санација, таква потврда ни беше дадена. Јас се надевам до наредната сезона ќе биде санирано и ставено во функција“.
ТВМ се обиде да го слушне и ресорното минситерство што ќе се случува понатаму со браната на вештачкото езеро. Портпаролот Тања Михајловска ни даде одговор со кој министерството се оградува од наделжност и не упати по одговор во Министертвото за екологија, животна средина и просторно планирање.
И додека се најде кој е одговорен и надлежен за обнова на Слатинско Езеро, жителите и концесионерот на ова езеро очекуваат негова што побрза санација. Од водите на акумулацијата се наводнуваат над 40 хектари обработлива земјоделска површина.
Радован Димитриески, претставник на концесионерот на вештачкото езеро, СРД Св. Апостол Петар, укажува дека Слатинското Езеро е едно од најдобрите вештачки езера во земјава. Димитриески кој ги знае состојбите од терен не верува дека може да се реконструира оштетената акумулација.
„ Ако се направи нова брана може да собере и поголем капацитет на вода. По наши сознанија на браната по повлекување на водата останатиос е цели ходници со мртва риба и ни се чини дека е невозможно реновирање и треба да се изгради нова брана“.
Слатинското Езеро е изградено во 1963 година. Долго е 1,5 km, а широко 600 метри. Езерото освен што е значајно за земјоделието е многу важно и за развој на руралниот туризам и спортскиот риболов.
{loadposition content9}