Skip to main content

Музејот на вода во Градиште – можност за патување низ времето

Охрид доби уште една културно-историска знаменитост и туристичка атракција – Музеј на вода, исклучителен археолошки комплекс, единствен од тој вид во овој дел од Европа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Muzej na voda
Музеј на вода
Охрид доби уште една културно-историска знаменитост и туристичка атракција – Музеј на вода, исклучителен археолошки комплекс, единствен од тој вид во овој дел од Европа.

Отворен музејот на вода кај Градиште. На јужното крајбрежје на полуостровот Градиште, во Заливот на коските веќе се издига праисториска палафитна (наколна) населба која, според истражувањата, своевремено се простирала на површина од околу 8.500 метри квадратни. Станува збор за автентична реконструкција на дел од наколната населба, подигната врз остатоците од подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов град“Таа датира од крајот на бронзеното и почетокот на железното време, меѓу 1200 и 700 година пред нашата ера. Покрај екстериерот на наколната населба, реконструиран е и ентериерот, а во осумте дрвени куќички изградени на платформата поставена на колци над водата се изложени сите предмети пронајдени за време на осумгодишните археолошки истражувања на подводниот локалитет, така што посетителите ќе можат многу реално да го почувствуваат животот во бронзеното време.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман,  рече дека овај Заливот на коските ќе биде атрактивна туристичка дестинација. Тој раскажа како дошло до идејата за изградба на една ваква културно историска знаменитост.

Muzej na vodaПаралелно со изградбата на наколната населба и Музејот на вода, на ридот над Заливот на коските е реконструирано и Градиштето – военото утврдување од римско време, т.н. каструм. Ѕидовите на утврдувањето што некогаш ја штитело Римската империја од непријателите, повторно се издигаат високо на ридот кај Градиште. Римската тврдина со патека е поврзана со наколната населба во Заливот на коските, така што туристите и гостите ќе имаат несекојдневна можност да патуваат низ времето, од античкото до праисториското и обратно. На истата локација ќе биде изградена и нуркачка база, со две простории, наменети пред се за сместување на опрема за нуркање. За полесна пристапност до целиот музејски комплекс ќе биде изградена и посебна патека од римски плочи, што ќе се спојува со магистралниот пат Охрид – Свети Наум. На ова место денес премиерот Никола Груевски  ги искажа своите импресии од создавањето на новата културно-историска знаменитост и туристичка атракција во Охрид и Македонија.
Реконструкцијата на овие два објекти е спроведено по проект финансиран од Владата, односно преку Министерството за култура на РМ.

Ова е само првата фаза од овој проект . Во наредните две години се планира да се изградат уште 16 наколни живеалишта. Инаку овој Музеј денес свечено го отвори претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски. На свеченоста беа поканети бројни гости од јавниот, културниот, политичкиот живот.

 

 

{loadposition content9}