Tочките од урбанизмот повлечени-ќе почекаат да се врати опозицијата
Глатко помина дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид. Без советниците на опозицијата, со мали корекции на дневниот ред, односно повлекување на две предлог одлуки од областа на урбанизмот, останатите точки експресно беа изгласани.
Без присуство на опозиција во Советот на општина Охрид, нема да се разгледуваат и донесуваат точките на дневен ред кои се однесуваат на усвојување на важни за градот и граѓаните ДУП. Во иднина оваа практика ќе ја применуваат советниците од владеачката гарнитура во Советот. Точно во таа насока на денешната 12 седница две точки, односно предлог одлуки за донесување на ДУП, беа повчлечени од дневен ред, на предлог на Димитар Спасески секретарот на општина Охрид.
„Во минатото бевме сведоци дека се се правеше за да опозицијата ги напушти седниците на Совет за да може да се донесат определени Детални урбанистички планови онака како што на некого му биле по желба. За да нема сомнежи во процесот и за да нема понатамошни дискусии во јавноста дека сме сакале и сме знаеле дека опозицијата ќе ја напушти седницата одлучивме двате точки да ги повлечеме и ќе бидат разгледани на некоја од следните седници на Совет кога сите советници ќе бидат присутни“.
Спасески изрази незадоволство од неприсуството на опозицијата на седницата, во моментот кога тереба да се слушнат бројките за долгот кој го има наследено општина Охрид. Според него, службите кои ги затекнале, не си ја сработиле работата и не го евидентирале точно долгот на Локалната самоуправа, кој бил драстично повисок од оној што бил запишан во книговодство од 13 милиони евра.
„Значи заклучно со 19.04. 2013 од сите предмети кои што не беа евидентирани а сега се евидентираа книговодствено општина Охрид должи нешто повеќе од 33 милиони евра или точно 33 138 000. Од оваа сума 25 582 000 знаеме точно на кого се должат со точно утврдени износи и со најголем дел од луѓето влезени сме во преговри, а додека околу 7 900 000 сеуште се потенцијален но сигурен долг на општина Охрид“.
Сметката на општина Охрид е блокирана, признава Спасески. Но нагласи дека вложуваат максимални напори и се на добар пат таквата состојба да се надмине, бидејќи цената која што Локалната дневно ја плаќа за камати е 14 000 евра. Инаку според секретарот, состојбата во општината полека се стабилизира со тоа што за последните 6 месеци не е генерирано ниту 1 евро нов долг а за истиот период веќе биле исплатени повеќе од 400 000 евра на име на долгови.
{loadposition content9}