Skip to main content

Зошто боите на есента се толку убави?

Можеби некогаш сте се запрашале кој е виновен за прекрасните есенски бои?

lisja
лисја

Можеби некогаш сте се запрашале кој е виновен за прекрасните есенски бои? Листовите во себе содржат хлорофил, а тоа е она што ги прави зелени. Но сите зелени растенија во себе имаат и група хемикалии наречени каротеноиди. Кога се сами, тие ја даваат жолтата или портокаловата боја на растенијата. Тие ја даваат бојата на пченката и морковот.

Каротеноидите се невидливи под хлорофилската зелена боја на листот поголемиот дел од годината. Наесен, кога листовите се приближуваат кон крајот на својот животен циклус, хлорофилот се разложува и се разоткрива жолто-портокаловата боја под него.

дрвјаПовеќето дрвја еволуирале за да произведуваат и поинакви хемикалии наречени антоцијани наесен. Овие имаат црвеникав пигмент и се одговорни за бојата на боровинките или капините. Тие се произведуваат и во листовите, па затоа понекогаш гледаме црвеникави листови. Кога хлорофилот и антоцијаните постојат заедно, бојата на листот може да стане бронзена.Повеќето есенски бои се добиваат кога листовите умираат и го завршуваат распаѓањето на хлоропластите. Кога тие ќе исчезнат, пигментите се поврзуваат и ја создаваат кафената боја на листот.

{loadposition content9}