Skip to main content

Меѓународен ден на човековите права

Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

U.N
О.Н
Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечер ќе се одржи дванаесетата ораторска вечер „Иво Пухан“. Утре ќе се одржи академија на која ќе зборува американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, а настап ќе има и најдобриот оратор.

Во организација на невладината организација „Цивил“ денеска во Младинскиот културен центар ќе биде организирана целодневна манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 60 години од универзалната Декларација за човековите права.

detenceОдбележувањето започнува во 11 часот со едночасовна средба со претставниците на медиумите, на која е најавено присуството на амбасадорката на Кралството Холандија Симоне Филипини. Потоа следуваат дискусии и работилници насловени „Човековите права во Македонија: Каде плови овој брод?“, а темите за кои ќе се разговара се идетификување на областите на кршење на човековите права, итни потреби и мерки кои треба да се преземат и препораки до државните институции и меѓународната заедница. Организаторите најавуваат документ со препораки до државните институции и меѓународната заедница.

Вечер исто така во Младинскиот културен центар ќе има проекција на Приказни за човекови права – кратки филмови од светски познати автори, по што ќе следува поетско читање и журка.

 

 

{loadposition content9}