Ризикот да се биде новинар
Двајца француски новинари кои во саботата ги грабнаа вооружени лица во северниот малиски град Кидал, подоцна се убиени, соопшти француското министерство за надворешни работи.
Двајца француски новинари кои во саботата ги грабнаа вооружени лица во северниот малиски град Кидал, подоцна се убиени, соопшти француското министерство за надворешни работи.
„Клод Верлон и Гислен Дупон, новинари на RFI, се пронајдени мртви во Мали. Нив ги грабнаа вооружени лица во Кидал”, се наведува во соопштението на француската дипломатија коешто го цитира Reuters.
Локалниот префект, извори од туарешката сепаратистичка рупа MNLA и малиските безбедносни служби изјавиле претходно за агенцијата дека двајцата репортери на Radio France International биле грабнати и потоа убиени во околината на градот.
Двајцата новинари на француското радио RFI биле грабнати откако во Кидал го интервјуирале Амбеири Ага Рису, локален функционер од туарешката сепаратистичка група MNLA.
Риса за Reuters телефонски изјавил дека откако двајцата новинари си заминале слушнал бука пред неговата куќа, ја отворил вратата и потоа вооружен човек со турбан вперил пиштол во него и му рекол да се врати назад во куќата.
{loadposition content9}