Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка
Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка.
Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село, мечка со мало мече нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и главата.
Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената 6 часовна хируршка интервенција да го спасат животот на ловџијата. Како што информира Проф. д-р Мичуновиќ во болницата ловецот бил донесен во многу тешка состојба со сериозни повреди на целата десна страна од лицето и главата. Д-р Мичуновиќ направил комплетна пластична хируршка рекострукција на носот, увото, окото, образот и главата на пациентот, по што постепено здравствената состојба на повредениот ловџија се стабилизира.
Ловџијата воопшто не пукал во мечката и мечето, а вчера тргнал на лов на диви свињи бидејќи почнал ловот за овој вид на дивеч.
{loadposition content9}