Skip to main content

Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто

Засадени неколку  палмини стебла  од предвидените сто.

 |  Валентина Неловска  | 
palma
palma

На охридското крајбрежје денес беа посадени  неколку палми.  Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија  Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.  

„ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно уредување на градот и раззеленување на зелените површини. Во иднина активностите ќе бидат зачестени и во наредните 2-3 години Охрид ќе биде најдобро уреден град во хортикултурна смисла“.
palmi
 Жарко Караџоски, директорот на ЈП Македонски шуми ги напомена и новините во изминативе 5 години. Засадувањето на садниците почна да се спушта и во самите градови.
Тоа е почеток на проектот, а секоја наредна година бројот на палми ќе се зголемува. Караџоски кажа зошто ги избрале палмите како садници со кои ќе се зазелени охридската ривиера, а не некое друго автохтоно дрво.


„ Направивме анализа, стручните екипи дојдоа до таква констатција и засадивме влакнеста палма која издржува температура до -10 степени. За одржување на младите садници ќе му поделиме  на комуналец брошури. Оваа година ако има температура под -10 да бидат адекватно заштитени и обложени со најлон. Понатака кога ќе стекнат зрелост нема да има потреба. Тоа го кажува науката“.

Засадувањето на палмите почна во саботата со акцијата во Дојран каде што исто така е планирано да бидат посадени 100 палми како и во Охрид, и 30 палми во  Струга.
Во годинешената акција „Ден на дрвото“ се најавени 5 милиони садници, од кои, како што кажа Караџоски, 100.000 ќе бидат посадени во Скопје.

{loadposition content9}