Skip to main content

„Децата од градот“-роман за животот на младите стружани во минатото

„Децата од градот“ е роман која таа го напишала за кратко време бидејќи вели дека мотивите ги имала околу неа, во неа и со неа. Според авторката, Охрид е незаменлив, но Струга е некако тајно, скриено, впечатливо убава.

 |  Мишел Наумоски  | 
promocija
промоција

Животот во Струга, карактеристиките на младите стружани од пред шест децении трајно забележани во најновиот уметнички восклик на Евда Попоска. Како една ментална слика од сеќавањата на авторката, во „Децата од градот“ опишани се обележјата на впечатливата Струга. 

promocija Decata od gradotСпоред промоторот на делото, Тоде Илиевски, Попоска, е автор кој вреди да се чита.

„Евда Попоска спаѓа во оние малкумина автори што се читаат денес, а за жал пошироката јавност не ги знае. Имаме пример за многу вреден писател, читан писател, а тој автор нема добиено соодветно вистинска оценка на литературната критика.“-рече промоторот Тоде Илиевски.

Карактерите на децата опишани во книгата, според авторката се всушност карактерите на целокупниот македонски народ, кроток, чесен, борбен, но достоинствен. Струга ја избрала поради нејзината скриена убавина.

Poposka promocija„Струга е посебно убава затоа што има многу белези кои што ја прават особено карактеристична, не само за Македонија, туку и пошироко. Охрид е незаменлив, но Струга е некако тајно, скриено, тајно убава и впечатлива. Оваа книга ја пишував не долго, затоа што сите мотиви ги имав околу мене, во мене и со мене. Обележјата, црквите, дрворедите со тополи, со убавите миризливи рози што се во сите дворишта посадени, и незаменливиот  Дрим со сините води, не може, а да не остане незабележан во оваа книга.“-вели авторот Евда Попоска.

Инаку Евда Попоска е родокраен автор. Потекнува од Лескоец, но долги години живее и работи во Струга.

Таа скоро целиот свој работен век го поминува во културата, долго време како библиотекарски работник, а потоа во Домот на културата во Струга. Во современата македонска литература се појавува во 1992 година со романот „Филомена“, кој наиде на многу добар прием кај читателите и критиката, поради што доживеа и второ издание во 1999. седмата книга на Попоска, „Лушпа од кромид“ излегува во 2003та. Во моментот, таа веќе работи на своето ново дело.

{loadposition content9}